Дома Трансфер зона Се распаѓа најдобрата одбрана во светот – Конфликт на Бонучи и Бразилецот, пристигна понуда за Алвеш

Се распаѓа најдобрата одбрана во светот – Конфликт на Бонучи и Бразилецот, пристигна понуда за Алвеш

Иако клубот ги демантира проблемите, изгледа дека работите се далеку од добри, а поразот во Кардиф допрва ќе го земе данокот. Што е проблемот во Јувентус?

Бепе Марота демантираше дека уште на полувремето имало расправија во соблекувалната на Јувентус, односно дека Бонучи не бил задоволен од играта на Барзаљи и дека барал од тренерот во игра да го стави Квадрадо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа тој го нарпави, но по резултат од 3:1, а Барзаљи не му го опрости испадот на соиграчот. Алегри од другата страна вели дека во второто полувреме падот се случи поради повредите на Пјаниќ и Манџукиќ кои едноставно настанаа и дека квалитетот на тимот на Реал тоа знаеше да го искористи.

По поразот, во Јувентус веќе најавија напад во финалето во Киев, но изгледа дека во одбраната ќе има промени.

Дани Алвеш во некои изјави по финалето го критикуваше клубот, дека Реал подобро пријде во мечот, дека беа со семејствата, додека Јуве тоа одлучи да го изолира. Потоа му порача на Диабала дека треба да си замине во иднина за да стане подобар играч, што предизвика бес кај навивачите.

Бразилецот демантираше дека има понуда од Сити, но таа пристигна од Италија. „Guardian“ пишува дека за искусниот Алвеш, Гвардиола е подготвен да плати 6 милиони евра, а и Јуве сака да си замине, бидејќи не им се допаѓа неговото однесување, никогаш не успеа да се вклопи, иако играше одлично во финишот од сезоната.

Проблемот е другиот бразилец, Алекс Сандро, тој има понуда од Челси, Јувентус одби 60 милиони евра, но наводно Сандро ќе побара трансфер. Доколку тоа се случи, Јуве ќе се обиде да извлече повеќе пари од Челси, и како замена да го доведе Португалецот Гереира.

Како конфликтот на Бразилецот и Бонучи ќе се одрази на одбраната тешко е да се каже, Калдера пристигнува во јануари, Ругани би можел да го превземе, местото стопер, а за Бразилеот ова ќе биде последна сезона.

И на крајот Бонучи, и понатаму се шпекулира дека по сите конфликти кои ги предизвика, Јувентус сака да го продаде, исто така за огромни пари.

Ќе видиме се што ќе се случува во текот на летото, но во секој случај италијанскиот шампион не е во идеална позиција, иако секој август во Серија А имаат желба да се променат работите и некој да им ја одземе титулата, но на крајот Скудетото веќе шест години по ред останува во Торино…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …