Дома Фудбал Англија Се огласи раководството: Венгер останува сигурно до крајот на сезоната!

Се огласи раководството: Венгер останува сигурно до крајот на сезоната!

venger

Арсен Венгер сигурно останува на кормилото на „топџиите“ до крајот на сезоната, а пото со управата заеднички ќе ја донесат одлуката за иднината на францускиот тренер во овој клуб, пренесува „Би-Би-Си“.

Арсен Венгер и покрај дебаклот на Арсенал во Минхен и поразот од Баерн 5:1, останува на кормилото, „Би-Би-Си“ тврди дека во моментов не постои можност Французинот да го напушти Арсенал пред сезоната да биде завршена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Челниците на Арсенал на Венгер му имаат понудено нов договор и таа понуда и понатаму останува, без оглед на она што на тимот му се случи во Минхен. За иднината на Венгер заеднички ќе се одлучува летово“, истакнаа челниците на клубот.

67-годишниот стратег го предводи Арсенал од 1996 година, а актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната.

Последните години тој постојано е критикуван од навивачите, поради не толку добрите резултати, иако клубот е редовен учесник во Лигата на шампионите и поради фактот што Арсенал ја нема освоено титулата во Премиерлигата од сезоната 2003/2004.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави изгледот на новиот дрес на Милан, „росонерите“ се враќаат 100 години назад

По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се…