Дома Останати Кошарка Се огласи и Хејворд: Ме боли тоа што не можам да бидам со вас

Се огласи и Хејворд: Ме боли тоа што не можам да бидам со вас

Кошаркарот на Бостон, Гордон Хејворд еден ден по тешката повреда испрати порака до своите нови соиграчи.

Хејворд заработи скршеница на зглобот на левата нога откако имаше незгоден доскок во натпреварот против Кливленд кој се играше ноќта помеѓу вторник и среда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа беше и неговото деби за Селтикс, клуб со кој ова лето потпиша договор вреден 128 милиони долари.

„Ме боли тоа што не можам да бидам на натпреварите. Ништо не сакам повеќе од тоа да бидам со соиграчите на паркетот. Но, ќе навивам за вас од тука (од болница) и ви посакувам многу среќа“, наведе Хејворд во пораката пред натпреварот со Милвоки.

Бостон изминатата ноќ загуби од Милвоки со 100:108.

Повредата на Хејворд можете да ја видите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…