Дома Трансфер зона Се е договорено: Ѕвездата на Аталанта пред лекарски прегледи на „Сан Сиро“

Се е договорено: Ѕвездата на Аталанта пред лекарски прегледи на „Сан Сиро“

Како што пренесува „Калчомеркато“ новата управа на Милан заврши одлична работа.

Изгледа дилеми повеќе нема, Франк Кеси, од наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. Талентираниот играч од средината оваа сезона со своите фантастични настапи го привлече вниманието на повеќе европски клубови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно во своите редови го сакаа и Манчестер Јунајтед и Челзи, но сепак најсериозен беше Милан. Во последен момент во трката се вклучи и Рома, но сепак не успеа да ги расипе плановите на новата управа на клубот од „Сан Сиро“.

За неговите услуги „росонерите“ на Аталанта ќе и исплатат 25 милиони евра, плус три милиони во бонуси, додека играчот од Брегот на Слоновата Коска ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

Се очекува Кеси лекарските прегледи да ги помине кон средината на иднината недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …