Дома Останати Сензација на турнирот во Штутгарт: 302-от играч на АТП подобар од Федерер

Сензација на турнирот во Штутгарт: 302-от играч на АТП подобар од Федерер

Германскиот ветеран Томи Хас забележа сензационална победа над Роџер Федерер во второто коло на турнирот во Штутгарт.

Триесет и девет годишниот Хас, кој на АТП листата се наоѓа на 302 место го победи Швајцарецот во три сета 2:6, 7:6, 6:4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Федерер, по двомесечна пауза се врати на тениските терени, на својата омилена подлога, но како прв носител не успеа да ја оправда фавористската улога.

Тој сигурно го доби првиот сет, откако направи брејк уште на стартот, потоа го загуби на драматичен начин тај брејкот на вториот сет. Во третиот сет Федерер не делуваше добро, што Хас го искористи успеа еднаш да му го одземе сервисот на противникот и го доби мечот.

Хас во наредното коло ќе игра против Миша Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…