Дома Останати Тенис СЕНЗАЦИЈА во Монтреал, Надал елиминиран од 18 годишник

СЕНЗАЦИЈА во Монтреал, Надал елиминиран од 18 годишник

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Монтреал, тој беше поразен од 143 носител на АТП листата, Денис Шаповалов.

Рафа започна добро, го доби првиот сет со 6:3, но потоа тенисерот од Канада во вториот сет славеше 4:6, третиот сет се решаваше во тај-брејк, во кој Шаповалов го приреди големото изненадување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај тоа што не успеа да се пласира во полуфиналето, Надал пропушти и прилика со победа се врати на врвот на АТП листата и истакна дека токму поради тоа ова е неговиот најлош пораз во оваа година.

„Не можеше да биде полошо, загубив од тенисер кој е 143 на ранг листата, а имав прилика со победа да се искачам на првото место на АТП листата“, изјави Надал по натпреварот.

После ова Надал својата шанса за враќање на првото место на АТП листата ќе ја бара на турнирот во Синсинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…