Дома Фудбал Селта е последна надеж за Барселона: Малага има милион причини да загуби од Реал

Селта е последна надеж за Барселона: Малага има милион причини да загуби од Реал

Мртвата трка за титулата во шпанското првенство помеѓу Барселона и Реал Мадрид и понатаму продолжува.

Барселона во моментов е лидер со 87 бода, колку што има и Реал Мадрид, но има и натпревар помалку. Поконкретно, Реал сам одлучува за својата судбина и доколку освои 4 бода од следните два натпревари, ќе стане новиот шампион на Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Барселона последна надеж е Селта. Тимот од Виго во среда ќе го пречека Реал Мадрид, а Барселона верува дека Селта може да го победи Реал. Ако тоа не се случи, Реал Мадрид речиси сигурно ќе биде новиот шампион.

Имено, Реал во последното коло гостува во Малага, а претседателот на тој клуб неодамна предизвика скандал, изјавувајќи дека ќе се потруди Барселона да не ја освои титулата. Покрај тоа, доколку Реал Мадрид биде шампион на Шпанија, касата на Малага ќе биде побогата за милион евра.

Иско летото 2013. година се пресели од Малага во Реал Мадрид, а во клаузулата од договорот имаше доколку Иско освои титула со Реал, „Кралскиот клуб“ ќе мора да им плати дополнителни милион евра на Малага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…