Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Бразил сигурен: Ние сме фаворити на Светското првенство

Селекторот на Бразил сигурен: Ние сме фаворити на Светското првенство

Репрезентацијата на Бразил со победата над Чиле од 3:0 во голем стил ги заврши квалификациите за Светското првенство, а селекторот на Тите смета дека неговиот тим е помеѓу главните фаворити во Русија.

Бразилците квалификациониот циклус го завршија на првата позиција и тоа убедливо, со 41 бод од 18 натпревари. Уругвај кој беше на втората позиција имаше 10 бодови помалку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добрите настапи на Тите му даваат причина за оптимизам.

„Според прикажаната игра, резултатите, начинот на кој се кавлификувавме, ние сме една од репрезентациите кои се главни фаворити на Мундијалот“, изјави искусниот стручњак кој потоа зборуваше за останатите ривали.

„Франција е многу силна. Погледнете го само нивното напаѓачко трио, Мбапе, Лаказет, Гризман. Секако дека тукНиНа се и Германците, тие се светски шампиони“, заврши Тите.

Бразил последен пат на едно Светско првенство триумфриал во 2002 година, а на претходното во 2014 година на кое беше и домаќин заврши на четвртата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …