Дома Топ вести Седумте причини на Реал за -7 на табелата: Дали уште од сега титулата е загубена?

Седумте причини на Реал за -7 на табелата: Дали уште од сега титулата е загубена?

Медиумите се преполни со критики, ова се седумте причини за очајниот почеток на шампионатот. Но, веќе ги отпишаа?

Ова навистина беше неочекувано, Реал изгледаше недопирливо во финишот од минатата сезона, но и во Суперкупот против Јунајтед. А потоа, по освојувањето на Суперкупот и по суспензијата на Роналдо, се тргна наопаку. Шампионатот изгледа далеку уште во првиот месец, шампионот доцни зад совршената Барселона седум бода.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тоа е огромна предност“, вели Зидан, но и апелира до играчите да останат со ладни глави. Сепак, поразот од Бетис го шокираше шампионот на Европа. А „Марка“ наведува седум причини за -7 во однос на најголемиот ривал.

1. Неефикасност – Сега Роналдо не може да биде изговор, се врати, но не пристигнаа и головите. Неверојатно звучи податокот дека Меси во пет кола постигна девет гола, исто колку и целиот Реал. Синоќа „Кралевите“ шутираа 27 пати, но Адан остана несовладан.

2. Нетрпеливи навивачи – Веднаш штом Реал промаши неколку шанси, почнуваат свиркањата, навистина, ги имаат најлошите навивачи во светот. Тимот игра под голем притисок. Токму поради тоа загубени се седум бода на три натпревари против просечни ривали на „Бернабе“.

3. Зидан – Ниту тој не е поштеден од критики. Донесе, според мислењето на весниците неколку одлуки кои го чинеа тимот. Го замени најдобриот, Модриќ против Бетис, додека против Леванте ја промени тактиката, го внесе во игра Лукас Васкез, наместо да се обиде со класичен напаѓач.

 

4. Судиите – Но, не во смисла на тоа што прво го помисливте, туку критиката е упатена до играчите. Премногу зборуваат, поради тоа Роналдо доби казна, многу време се троши на расправии. „Колку повеќе зборуваме, толку е полошо“, изјави синоќа капитенот Рамос.

5. Повреди – Реал не имаше толку многу проблеми, но тие се поретки од Бензема, Бејл, Валехо, Варан, практично двајцата се стопери. И секако, да не го заборавиме Марсело

6. Премногу самодоверба – На ова предупреди Зидан, играчите полетаа читајќи ги весниците и слушањето на пофалби. Покрај тоа, изгледа како да немаат моќ, но не можат да се обвинат двата натпревари во Супер Купот, во ред, потребна е свежина, но и Барселона играше два натпревари во Суперкупот и сепак имаше потежок натпревар против Јувентус во ЛШ, па победува.

7. На крајот, одбаната е далеку од очекувана – Реал ретко примаше голови, сега прима гол на секој натпревар. Валенсија им даде два, Леванте, Сосиедад, Бетис го совладаа Навас, единствено Костариканецот ја сочува мрежата против Ла Коруња. Тактиката на Зидан беше засновата на гранитната одбрана, но повеќе не, па кога промашувате, тогаш е јасно дека секој примен гол значи и голема опасност за губење на бодови.

Медиумите сметаат дека иако поминаа само пет кола, ова е огромна предност, не во смисла на бодови, туку бидејќи Барселона сега има самодоверба поради заминувањето на Нејмар.

Тие сега веруваат во себе, плус, Реал го чека и патот во Азија на Мундијалот за клубови, тоа секогаш е проблем на зима. Но, да ја прогласиме трката за готова навистина нема смисла, и понатаму изгледа дека Реал ќе пронајде излез од тунелот. Но, од другата страна, Барса е ослабена, без Дембеле, без вистинскито Суарез, но некои дуги играчи скокнаа во првиот план.

Во овој момент, Каталонците изгледаат како подобар тим. Но, пред само неколку недели, Реал беше прогласен за апсолутен фаворит, па никој не може да тврди дека нема да се случи пресврт…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…