Дома Актуелно Седлоски: Во Струмица ќе биде потешко, но ќе играме да постигнеме погодок

Седлоски: Во Струмица ќе биде потешко, но ќе играме да постигнеме погодок

Предводникот на Вардар, Гоце Седлоски го изрази своето задоволство по одиграниот дуел на гости кај Малме.

Вардар ремизираше во Шведска, и во Струмица ќе истрчна со поволен резултат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Седлоски истакна дека и покрај добрата игра, во Струмица ќе биде одигран тежок меч кој ќе го донесе патникот во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите.

„Моите фудбалери го оставија срцето на теренот. Одиграа одлично и се онака како што беше договорено. Иако имавме шанси да постигнеме погодок и во првото полувреме, ние сме задоволни по ремито на гости. Исто така сакам да потенцирам дека ова за нас е прв дуел во сезоната, за разлика од Малме кои веќе играат на големо во шведското првенство. Шансите се големи, но остануваат уште 90 минути игра. Во следните денови ќе анализираме и ќе гледаме да не ги повториме некои од грешките. Ќе се концентрираме да постигнеме погодок во реваншот. Подготвени сме да се пласираме понатаму“, истакна Седлоски на прес конференцијата по дуелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…