Дома Останати Сара Митова од следната сезона во дресот на Сондерјиске

Сара Митова од следната сезона во дресот на Сондерјиске

Младата македонска репрезентативка Сара Митова следната сезона ќе настапува за данската екипа Сондерјиске.

Дваесетгодишната Митова потпиша договор на една сезона и клубот веќе го официјализираше.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Таа е многу интересен играч, па веднаш ќе ја приклучиме кон тимот. Доаѓа кај нас, бидејќи нејзиниот репертоар во играта е одличен. Покрај одличните индивидуални квалитети, ќе се обидеме да ја инкорпорираме и во нашиот колектив, рече за Митова тренерот Оливера Кецман, која до минатата недела беше во Македонија на кампот на Кире Лазаров.

Младата ракометарка која го носеше дресот на двата вардарови тима, досега има одиграно шест натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.

Во Данска следната сезона, ќе игра нејзината доскорешна клупска колешка, Наташа Нолевска, која потпиша за Виборг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…