Дома Фудбал Останато Само ШЕСТ тренери имаат повеќе од 100 победи со репрезентацијата

Само ШЕСТ тренери имаат повеќе од 100 победи со репрезентацијата

Германија вчера го победи Камерун во рамките на третото коло од Купот на Конфедерациите со резултат 3:1, со што тренерот Јоаким Лев ја запиша 100. победа во кариерата со оваа репрезентација.

Лев така стана шестиот тренер во „клубот 100“, но и единствен кој водел само една репрезентација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марио Загаљо е прв со 123 победи во 187 натпревари, а ги водеше Бразил, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Милан Мачала оствари 121 победа во 255 натпревари, а седеше на клупата на Чехословачка, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Оман и Бахреин.

Третиот на листата е Карлос Алберто Пареира со 120 победи во 251 натпревари. Победите ги оствари со Гана, Кувајт, Бразил, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Африка. Четврти е Французинот, Клод Ле Рој со 119 победи во 267 натпревари, а ги водеше Камерун, Сенегал, Малезија, Конго, Гана, Оман, Сирија, Конго и Того.

111 поеди во 286 натпревари оствари Бора Милутиновиќ водејќи ги Мексико, Коста Рика, САД, Нигерија, Кина, Хондурас, Јамајка и Ирак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид доби одлична вест пред натпреварот против Билбао

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот…