Дома Трансфер зона Руни до крајот на неделата го напушта Јунајтед!

Руни до крајот на неделата го напушта Јунајтед!

Англиските медиуми се повикваат на извори блиски до Вејн Руни и тврдат дека напаѓачот дефинитивно ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе ја прифати понудата од Кина.

Руни не е во плановите на Жозе Мурињо и се почесто ја грее клупата за резерви, а воопшто и не отпатува со тимот во Сент Етјен каде Јунајтед утре ќе го игра реванш дуелот од Лига Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нормано дека не можам да гарантирам дека ќе остане. Не можам да кажан ни дали јас ќе бидам овде следната недела, а уште помалку за некој играч. Никогаш не би бркал таква легенда од клубот. Не сакам да оди и среќен сум што го имам. Но, морате да го прашате него дали сака да замине или не“, изјави Мурињо.

Руни има понуда од кинескиот клуб Тианжин од 42 милиони евра по сезона, со што би станал најплатен играч во историјата. Тој наводно на своите пријатели веќе им рекол дека дефинитивно заминува од Јунајтед, а преодниот рок во Кина трае до следната недела.

До затварање на преодниот рок во Кина има уште една недела, па останува да видиме дали до вторник ќе се реализира еден од најголемите трансфери во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…