Дома Фудбал Италија „Росонерите“ казнети после дербито – Бака доби суспензија!

„Росонерите“ казнети после дербито – Бака доби суспензија!

Фудбалскиот сојуз на Италија го казни Милан по контроверзното дерби во петокот, во Торино, кое Јувентус го доби 2:1 со голот на Дибала од пенал постигнат во 97-та минута.

Напаѓачот на Милан Карлос Бака, по натпреварот, тргна физички да се пресмета со судијата Давиде Маса. Болумбиецот кој беше стрелец на голот за Милан, е суспендиран на еден натпревар и парично е казнет со 10 илјади евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бака нема да биде во составот на Милан на натпреварот против Џенова. Овој натпревар ќе го пропушти и Хосе Соса кој против Јувентус беше исклучен поради два жолти картони.

Директорите на Милан Адријано Галијани и Роко Маиорино минаа само со опомена, овие двајца во медиумите го навредуваа Јувентус, додека Милан како клуб парично е казнет со пет илајди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…