Дома Фудбал Роналдо ја премина секоја граница: Нов договор со Реал, под нови услови

Роналдо ја премина секоја граница: Нов договор со Реал, под нови услови

Кристијано Роналдо константно во изминатите неколку месеци се поврзуваше со заминување од редовите на мадридски Реал.

Најдобриот фудбалер на светот како што се наведува имал понуда да се врати во Манчестер Јунајтед, но до нов голема трансфер не дојде и Португалецот остана во редовите на кралскиот клуб.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со договор, Роналдо е врзан со Реал со 2021. година. Како што се наведува раководството на Реал на Кристијано му понудило соработка на уште една сезона, што Роналдо би прифатил, но постави големи услови.

Побарал плата од 30 милиони евра за последната сезона, што ги разочаа челниците на актуелниот европски првак, бидејќи Португалецот и сега заработува огромна квота и тоа преку 22 милиони евра по сезона.

Португалскиот велемајстор би требало договорот со мадридскиот тим да го одработи до крај. Тој во 2021. година ќе има 36 години, но нема намера да престане со активно играње фудбал.

Извесно е дека Роналдо кариерата ќе ја продолжи во МЛС. Дејвид Бекам му нуди место во екипата на Мајами која почнува со натпреварување од следната година, а порано најдобриот фудбалер на светот се поврзуваше и со ЛА Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…