Дома Топ вести Роналдо откри кој му е неостварениот сон!

Роналдо откри кој му е неостварениот сон!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо откри дека за него би било остварување на фудбалскот сон освојувањето на Купот на конфедерации со Португалија.

Роналдо ја имаше најуспешната година во кариерата, со Реал Мадрид триумфираше во Лигата на шампиони, а со Португалија стана европски шампион.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, и покрај многуте трофеи Роналдо признава дека многу го посакува трофејот од Купот на конфедерации и дека тоа за него ќе преставува остварување на сонот.

„Тоа ќе биде прв пат да настапуваме на Купот на конфедерациите и ќе биде прекрасно искуство. Очигледно, наш голем сон е да го освоиме тоа натпреварување. Знаеме дека ќе биде многу тешко затоа што ќе учествуваат многу силни екипи, но во фудбалот се е можно“, изјави Роналдо.

Да потсетиме, Португалија идното лето ќе настапува на Купот на конфедерациите во Русија, а противници во групата А на Европските шампиони ќе им бидат домаќините Русија, како и репрезентациите на Нов Зеланд и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…