Дома Фудбал Роналдо искрено: На Реал не му е потребен напаѓач, го има најдобриот…

Роналдо искрено: На Реал не му е потребен напаѓач, го има најдобриот…

Можеби и најдобриот напаѓач на сите времиња, Луиз Роналдо, ја искоментира моменталната ситуација во која се напоѓа Реал Мадрид.

Некогашниот член на „Кралевите“ е убеден дека почетната криза на мадридскиот великан ќе мине и дека е рано да се зборува за било какви трофеи. Исто така, тврди дека на Реал не му е потребен уште еден напаѓач, односно дека имаат се во Кристијано Роналдо и Карим Бензема.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Реал Мадрид има одличен пристап на натпреварите. Многумина тврдат дека им е потребна вистинска деветка, но јас не мислам така. Го имаат Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот, а тука е и Бензема. Не им треба уште еден напаѓач“, истакна бразилскиот магионичар.

Исто така, легендарната деветка тврди дека првенството не може да се заклучи по пет кола, иако Реал лошо влезе во сезоната.

„Реал покажа што може во текот на изминатите години. Имаа слично отворање на сезоната и на крајот освојуваа трофеи. Верувам дека и оваа сезона ќе го сторат тоа“, додаде „Ел Феномено“.

Реал оваа сезона освои само осум бодови во пет одиграни натпревари во Ла Лига и моментално се наоѓаат на седмата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…