Дома Фудбал Останато Роналдињо знае кој ќе биде најдобар во светот, и не, тоа не е Нејмар!

Роналдињо знае кој ќе биде најдобар во светот, и не, тоа не е Нејмар!

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо смета дека неговиот сонародник еден ден ќе биде најдобар фудбалер на светот и ќе го наследни Лионел Меси.

Иако се очекуваше амбасадорот на Барселона да го посочи Нејмар како наследник на Меси, сепак Роналдињо ги изненади сите и изјави дека тоа ќе биде новата ѕвезда на Манчестер Сити, Габриел Жесус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдињо гледа сериозна закана за Нејмар во Габриел Жесус, фудбалер кој според него има потенцијал да се развие неверојатно добро и да стане најдобар играч во светот.

„Манчестер Сити во Габриел Жезус доби посебен играч. Наскоро можеби и најдобар играч на светот. Во моментов Меси е најдобар, секогаш сум говорел дека Нејмар ќе го наследи, но Габриел има само 19 години и може да биде најдобар. Ги има сите квалитети еден ден да биде најдобар на светот“, изјави Роналдињо.

„Кога ќе го погледнете Габриел, гледате дека тој влегува во секој меч без страв. Семо сака да игра и на сите да им покаже што умее. Убеден сум дека наскоро ќе ја покаже својата класа и во големите мечеви против Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи. Среќен сум што е сместен во тимот за Лигата на шампионите и се надевам дека ќе игра. Роналдо, Кака, јас и Нејмар игравме на високо ниво кога бевме млади. Габриел е таа категорија“, вели Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …