Дома Трансфер зона Роман брзо реагира – Троши 100 милиони и ги расипува плановите на Милан!

Роман брзо реагира – Троши 100 милиони и ги расипува плановите на Милан!

Ромелу Лукаку премина во Манчестер Јунајтед, па така Антонио Конте остана без една од своите најголеми желби.

Белгиецот доби понуди од Манчестер Јунајтед и Челзи, но се одлучи за преминување на „Олд Трафорд“. Таа негова одлука претставуваше голем удар за плановите на „сините“ кои уште од завршувањето на сезоната Лукаку го гледаа како идеален наследник на Диего Коста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, сето тоа заврши, па Челзи мора да бара нови решенија.

Конте покажа интерес за фудбалерот на Лацио, Балде Кеита, а според последните информации на адреса на Лацио била испратена понуда од 20 милиони евра. Но, немаат намера тука да застанат.

Во текот на вчерашниот ден се појави информациja дека екипата на Милан преодниот рок го затвара со Пјер Емерик Обемејанг кој за 80 милиони евра би се преселил во Италија. „Росонерите“ беа спремни да му понудат и плата од 8 милиони евра по сезона, но сега во целата работа се вмеша и Челзи.

„Сините“ се далеку финансиски помоќни од Милан, па на Габонецот можат да му понудат подобар договор, додека оштетата која се спремни да ја платат е еднаква со онаа на италијанскиот гигант, 80 милиони евра.

Но, Обемејанг во Англија сигурно би добил поголема плата и прилика наредната сезона да игра во Лигата на шампионите, а Милан во овој момент тоа не може да му го понуди.

Значи, Челзи за два напаѓачи има намера да потроши неверојатни 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…