Дома Актуелно Роберто Манчини даде свое мислење за големото италијанско дерби

Роберто Манчини даде свое мислење за големото италијанско дерби

mancini

Се наближува вкупно 290, а официјално 219 дерби „Derby della Madonnina“. Интер ќе му биде домаќин на Милан на „Џузепе Меаца“ во недела со почеток од 20:45 минути.

По повод ова дерби свое мислење во италијанските медиуми даде Роберто Мабчини, човекот кој на два пати ги водеше „нероаѕурите“ од 2004 до 2008 и од 2014 до 2016 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Тоа е неверојатно дерби, притисокот секогаш е присутен, но во овој натпревар е навистина огромен. Да, се работи само за три бода, но за навивачите тоа се најважните бодови во сезоната. Во оваа ситуацијата притисокот е поголем на Милан бидејќи ако Интер победи, разликата ќе биде десет бодови и таа ќе биде тешко достижна“, порачува поранешниот тренер на Интер, а сегашен на Зенит.

„Сметам дека одлучувачки фудбалери на Интер може да бидат Иван Перишиќ и Икарди. Тука би ги придодал Брозовиќ и неговата непредвидливост, но тој не е на располагање и сигурно Интер со него би бил посилен на тревникот“, нагласи Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…