Дома Топ вести Рекордниот трансфер на Нејмар се руши денеска?

Рекордниот трансфер на Нејмар се руши денеска?

Најверојатно Бразилецот Нејмар нема долго да биде најскапиот фудбалер во светот.

Според британските медиуми, ПСЖ е подготвен да плати повеќе од 222 милиони евра за Килијан Мбапе и така да го сруши рекордот за најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кој минатата недела го постигнаа заедно со Нејмар.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според некои извори во Британија, оштетата за Мбапе би можела да биде и поголема од очекуваните 180 милиони евра. Всушност, би можела да ја надмине сумата од 222 милиони колку што изнесуваше рекордот на Нејмар.

Мбапе како нов играч на ПСЖ би можело да биде потврден уште овој понеделник, со плата од дури 18 милиони евра.

Гласините за заминување на овој голем талент од Монако дополнително се „распалија“ откако заврши на клупата за резерви во неделниот натпревар против Дижон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…