Дома Останати Револуционерни промени во тенисот!

Револуционерни промени во тенисот!

Меѓународната тениска федерација во ноември на турнирот на најдобри млади играчи на светот во Милано ќе ги тестира новите правила, кои ако поминат, во голема мерка ќе го променат тенисот.

Технички гледано, најголема промена е укинување на „нецот“ при сервис, бидејќи тоа би бил голем проблем за тенисерите што го примаат сервисот и сосем е сигурно дека бројот на сервис винери би бил неспоредливо поголем од сега.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мечевите би биле играни на три добиени сета, со тоа што би се играло на четири, а на на шест гема. Тај брејк до седум во иднина би се играл при резултат 3:3.

Повеќе нема да има маратонски гемови, бидејќи би се укинала предноста и кај резултатот 40:40, а гемот ќе го добие оној што ќе го освои следниот поен, со тоа што играчот што го прима сервисот има право да бира „ѓус“, или предност страна.

Загревањето би траело пет, наместо десет минути, а би се вовел и мерач на време што ќе спречи паузите меѓу поените да бидат подолги од 25 секунди.

Покрај тоа, би се менувало и времето меѓу гемовите и сетовите, како и за време на медицинскиот тајм аут. Играчите би имале право на еден медицински тајм аут во текот на целиот меч.

Предвидено е на тенисерите да им биде дозволена комуникација со тренерите, но не и нивно симнување на терен, како што сега е случајот во женскиот тенис.

Гледачите во иднина би можеле да се движат по трибините и за време на поен, исклучок се оние во првите редови, кои би можеле да ги деконцентрираат играчите.

Целта на овие измени е тенисот да се прилагоди на новата генерација навивачи кои бараат динамика на теренот, но и на телевизијата, која со години инсистира барем приближно да се утврди траењето на мечевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…