Дома Фудбал Англија Револуционерна промена: Премиер лигата го скратува преодниот рок

Револуционерна промена: Премиер лигата го скратува преодниот рок

Премиер лигата размислува да го скрати преодниот рок што ќе донсе револуцуја во трансфер периодот на Островот но и во континенталниот дел на Европа.

Иако Премиер лигата започна на 11.август, најголем дел од тимовите сеуште не го формирале ростерот за тековната сезона. Проблемот е што конечните состави екипите ќе ги имаат на 31.август, а дотгаш ќе бидат одиграни три рунди во Премиер лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во моментов неизвесна е ситуацијата со Алексис Санчез од Арсенал, Челзи, според најавите, планира да донсе уште дваца-тројца играчи, за трансфери размислува и Манчестер Јунајтед.

Поради ова челниците на тимовите излегоа со предлог да биде скратен преодниот рок, односно тој да заврши на 7.август. На состанокот кој ќе се одржи на 7.септември, потребно е за предлогот да гласаат 14 од 20 клубови, а извесно е дека истиот ќе биде прифатен.

Доколку овој предлог биде прифатен тој ќе се однесува само играчите кој ќе потпишат за тим од Премиер лигата, додека играчите ќе можат да ја напуштаат лигата до крајот на преодниот рок во останатите земји.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ сака нов тренер на Милан да биде негов пријател?

Eкипата на Милан зад себе има сезона која е под очекувањата на навивачите, па поради тоа т…