Дома Трансфер зона Реал му го нуди Хамес Родригез на Манчестер Јунајтед

Реал му го нуди Хамес Родригез на Манчестер Јунајтед

Раководството на Реал Мадрид му ги понудиле на Манчестер Јунајтед колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез, пренесува „ESPN“.

Според истиот извор „црвените ѓаволи“ побарале од агентот на Хамес Родригез да ги известува за неговата ситуација пред летниот преоден рок, со оглед на фактот дека веќе подолго време се шпекулира дека Колумбиецот ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25-годишниот Колумбиец во неколку наврати истакна дека не е задоволен од статусот во Реал и дека сака поголема минутажа, а Пари Сент Жермен, Челзи и Интер се споменуваа како најзаинтересирани клубови.

И покрај тоа што за него нема место во стартниот тим, Хамес постигна седум гола на последните девет натпревари на кои играше, па јасно е зошто многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.

Хамес Родригез е иначе клиент на Жорге Мендеш, агент на Жозе Мурињо и човек кој е во одлични односи со раководството на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…