Дома Фудбал Реал или Барса – кој има потежок пат до титулата?

Реал или Барса – кој има потежок пат до титулата?

Барселона со победата над Реал Мадрид во Ел Класико ја направи шампионската трака во Примера исклучително интересна и драматична.

Барселона е моментално прва на табелата со 75 бода, колку што има и Реал, но со натпревар помалку, па „кралскиот“ клуб и понатаму ја има судбината во свои раце.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Зинедин Зидан има потежок распоред – во наредните шест дена му гостува на Депортиво во Ла Коруња и ја дочекува Валенсија. Потоа „кралевите“ до крајот играат со три тима од Андалузија – со Гранада на гости, Севиља дома и Малага на гости.

Мадриѓаните исто така имаат и заостанат натпревар со Селта во Виго, а датумот сеуште не е одреден.

Реал трката за титулата, прва после 2012 година ќе му ја отежне и двомечот со Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Од друга страна Каталонците ја дочекуваат Осасуна, потоа му гостуваат на Еспањол, а на „Камп Ноу“ доаѓа Виљареал.

Потоа Барса патува на Канарските острови и му гостува на Лас Палмас, а на крајот игра со Еибар на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…