Дома Топ вести Реал влегува во „ризик на векот“: Еве кого го продава за да го купи „новиот Роналдо“

Реал влегува во „ризик на векот“: Еве кого го продава за да го купи „новиот Роналдо“

Изгледа дека претседателот на Реал одлучи да ризикува и да влезе во голема инвестиција…

Реал Мадрид не се откажува од големиот француски талент, Килијан Мбапе. Дека нешто се подготвува, говори и одговорот на Зинедин Зидан.  „До 31. август сешто може да се случи. Тој е добар играч и е интерес на многу клубови“, изјави Зидан на една прес-конференција во САД, каде што Реал се подготвува за новата сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан го сака Мбапе и дека го советува Флорентино Перез да го купи ова лето. Не е тајна дека Зидан е воодушевен од Мбапе. Уште пред неколку години сакаше да го доведе во школата на Реал, но Французинот тогаш го избра Монако.

Мбапе – „новиот Роналдо“

И Зидан и Перез веруваат дека Мбапе има се што е потребно за да стане ѕвезда на светскиот фудбал, „новиот Кристиано Роналдо“, со Лионел Меси е најдобриот играч во светот и најголемата маркетинска инвестиција. Во фудбалот ништо не е сигурно, но непобитно е дека младиот француски напаѓач има ретко виден потенцијал.

До каде ќе се развиваат мерките, тешко е да се каже, како и дали ќе го постигне статусот на Кристиано Роналдо. Но, во фудбалот се е ризик, па и купувањето на играчи каде што Монако најверојатно ќе заработи повеќе од 100 милиони евра. Некои можеби ќе речат дека Реал ќе може да почека уште некоја година, па потоа да го реализира трансферот кога ќе се види она што многумина го предвидуваат.

Нешто слично пред петнаесет години направи со Зинедин Зидан и подоцна со Кристиано Роналдо, но и со многу други играчи. Реал со децении има привилегија да го донесе секој играч кој ќе го посака, дури и од редовите на најлутиот ривал, Барселона.

Да потсетиме само на Бернд Шустер и Луис Фиго. Меѓутоа, во последните десет години ситуацијата во фудбалската карта на Европа значително се промени. Во фудбалскиот бизнис влегоа многу големи играчи, арапски, руски, американски и кинески луѓе кои раководат со европските клубови, па Реал повеќе не може да си го дозволи луксузот на купување на само готови играчи.

Сега или никогаш

Што значи тоа кога станува збор за Мбапе? Иако несомнено е голем талент, никој не може да знае дали ќе прерасне во суперѕвезда. Затоа е и голем ризик со оглед на тоа колку ќе застане, но и од тоа кој од големите гиганти прв ќе го купи, тој ќе биде во предност. Во превод, ако Реал одлучи да чека и го купи ПСЖ, Манчестер Јунајтед или Манчестер Сити, и ако таму игра како што се очекува, тешко дека подоцна Мадриѓаните ќе го доведат во своите редови.

Наведените клубови веројатно нема да сакаат да го продадат, а и ако сакаат да го продадат, ќе бараат огромна надомест. Бидејќи цените на играчите летаат во небото, кој знае колку најголемите ѕвезди ќе чинат за три или четири години? Можеби тие 140 милиони колку што сега ги бара Монако ќе бидат вистинска ситница колку што Мбапе ќе вреди за четири години. Можеби, бидејќи доколку тоа е сигурно, тогаш Перез, а ни останатите клубови не би биле доведени во прашање.

Во суштина, се шпекулира дека Берез одлучил да ризикува, но во тој случај Зидан ќе мора да продаде некој од напаѓачкото трио – Роналдо, Карим Бензема, Герет Бејл. Како што се чини дека Роналдо сепак останува и дека Перез не е за тоа да се продаде Бејл, како најсериозен кандидат за трансфер листата останува миленикот на Зидан и неговиот сонародник, Бензема.

Бензема првиот кандидат за трансфер листата

Постојат две причини зошто Реал мора да продава. Првиот, јасно е финансиски; дури ниту Реал неможе да си дозволи луксуз, во тимот да има толку суперѕвезди и дека некои од нив да седат на клупата. Мадриѓаните ги продадоа Алваро Мората и Данило, со Баерн направија комплексен договор околку Хамес Родригез, главно, заработија многу добро, но Мбапе би можел да им направи еднакво или нешто повеќе од вкупната заработка во трите споменати играчи.

Тешко е да се каже колку точно Реал заработи на тројцата играчи, бидејќи не се знае дали Баерн на крајот ќе го откупи Хамес. Тоа ќе го видиме за две години. Освен тоа, „Кралевите“ и понатаму имаат најмногу суперкласни играчи чии плати го намалуваат буџетот на Реал. Втората причина е поврзана со првата; На Мбапе не му е важна само висината на платата, тој сака во Реал, но само под услов, освен големата плата, да му се осигура и место во првиот состав.

На таткото на Мбапе и менаџерот Вилфред им е сосема јасно дека неговиот син не може да смета на сериозна минутажа доколку Реал не продаде ниту еден од тројцата главни напаѓачи. Некој од нив мора да си замине за да се отвори место во тимот.

Реал влегува во голем ризик

Така, ситуацијата се чини соема јасна. Ако Реал оди во реализација на трансферот, на излезната врата најверојатно ќе биде Бензема. Во Реал наводно веруваат дека за него би можеле да добијат 70 милиони евра, што би ја покриле половина од сумата на трансферот на Мбапе и би обезбедиле рамнотежа во работата на клубот. Со други зборови, Реал сите дојдовни трансфери во најголемиот дел би ги покрил со продажба на играчи и не би требало премногу дополнително да се дофати касата.

До пред неколку години Реал трошеше значително повеќе од што заработуваше, бидејќи банките одобруваа кредити и на „убави очи“ поради политичката заднина, беше константо во долговите кои се уште ги отплатува. Меѓутоа, ништо повеќе не е како порано, финансискиот фер-плеј на ФИФА доволно влијаеше на бизнис клубовите кои мораат да бидат самоодржливи, иако и таа приказна е под голем прашалник, така да „Кралевите“ мораат да внимаваат како трошат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…