Дома Топ вести Раул ги избра 5-те најдобри играчи на Реал на сите времиња!

Раул ги избра 5-те најдобри играчи на Реал на сите времиња!

Легендата на Реал и некогаш најдобар стрелец во Примера, Раул Гонзалез Бланко ги избра петте најдобри фудбалер кои го носеле дресот на „кралскиот“ клуб.

Како што призна и самиот Раул на „Сантиаго Бернабеу“ продефилирале многу врвни играчи, па и за него беше тешко да ги избери петмината најдобри.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Без сомнеж дон Алфредо (Ди Стефано) е број еден“, изјави легендарниот напаѓач на Реал.

Пако Генто единствен играч кој во историјата има освоено шест трофеи од Лигата на шампиони го зазеде второто место.

Раул на третото место го постави најдобриот стрелец во историјата на Реал и актуелен освојувач на „Златната топка“, Кристиано Роналдо.

Сегашниот тренер на „кралевите“ и бивши негов соиграч Зинедин Зидан е на четврто место, а листата ја затвори сегашниот капитен на „кралевите“ Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…