Дома Фудбал Рамос: Барса на +7? Тоа и не е така голема предност

Рамос: Барса на +7? Тоа и не е така голема предност

ramos

Капитенот на Реал Мадрид не може да сфати како неговиот тим не успеал да постигне погодок во натпреварот против Реал Бетис во петото коло од шпанската Примера, но и верува дека предноста на Барселона не е недостижна.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа го загуби натпреварот против Бетис во финишот кога Санабрија погоди во 94 минута од средбата, па „кралевите“ останаа на -7 во однос на Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Тоа и не е толку голема предност, сезоната е на самиот почеток. Не знам зошто не успеавме да постигнеме погодок во овој натпревар, имавме навистина многу шанси. Ова не беше еден од нашите најдобри денови, но одиме дома со чиста совест. Резултатот е разочарувачки, но ова не е крај“, зборуваше Рамос кој потоа беше запрашан за судењето во овој натпревар.

„Колку повеќе зборуваме за судиите толку е полошо. Мораме да ја почитуваме нивната работа и да се обидуваме да ја избегнуваме оваа тема. Доколку постигневме три гола сега немаше да има потреба да зборуваме за судењето. Сезоната не ја започнавме како што очекувавме, но мораме да продолжиме понатаму, ние сме тим со големи играчи“, заврши капитенот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…