Дома Офсајд Ракитиќ открива: Потешко беше да ја освојам сопругата, отколку Лига на шампиони!

Ракитиќ открива: Потешко беше да ја освојам сопругата, отколку Лига на шампиони!

За спортската кариера на Ракитиќ и освоените трофеи се знае готово се, но „Марка“ донесува ексклузивна сторија за неговиот приватен живот, сопругата…

Ракитиќ открива како ја запознал сопругата Ракел во првите денови кога пристигнал во Севиља и како се започнало со реченицата: „Ја гледаш онаа келнерка? Ќе се оженам со неа“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Најтешката работа која сум ја направил во животот е освојување на Ракел, потешко и од освојување на Лига на шампиони“, открива Ракитиќ.

Te amo princesa ❤️? @raquel_mauri #lafamiliaunidajamasseravencida

A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic) on

„Знаев дека се вика Ракел. Таа не зборуваше англиски, а јас не знаев шпански. Така секој ден и кажував само една работа: „Добро утро Ракел, едно кафе и една Фанта. Шпанскиот не ми одеше добро, објаснував со раце, а тоа нејзе и беше забавно. Не знам како да објаснам, но покрај неа се чувствувам поинаку“, раскажува Ракитиќ.

❤️#lafamiliaunidajamasseravencida @raquel_mauri

A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic) on

Еден ден Ракитиќ собрал храброст и ја поканил на вечера, па од тогаш се неразделни. Му требале седум месеци за да ја освои, но сега се веќе 4 години во брак и имаат две деца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Барселона му прави услуга на Елмас?

Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, oбјави Мундо Депортиво во написот под наслов „…