Дома Фудбал Раиола знае каде да удри: Славниот агент е нов менаџер на големата надеж на Барселона (Фото)

Раиола знае каде да удри: Славниот агент е нов менаџер на големата надеж на Барселона (Фото)

Младиот фудбалер на академијата на Барселона, Чави Симонс важи за еден од најголемите таленти во светот.

Барселона веќе сега има големи очекувања од овој 13-годишно момч кој во клубот пристигна пред шест години. Симонс беше на мета на многу европски великани, но одлучи да пристигне во Барселона бидејќи тоа е клубот за кој навива од мали нозе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Барселона се сигурни дека Симонс еден ден ќе биде голема ѕвезда на тимот и главна цел им е да го задржат во академијата. Сепак, јасно е дека тоа нема да биде лесно, особено бидејќи родителите на ова момче ја прифатија понудата од Мино Раиола кој во иднина ќе биде негов агент.

Се смета дека тој ќе биде наследник на Чави Ернандез, но јасно е дека и останатите екипи нема да се откажат да го донесат овој Холанѓанец во своите редови и да го украдат од Барселона.

На тоа особено се надееваат од Манчстер Јунајтед каде имаат фантастична соработка со најпознатиот агент на светот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…