Дома Топ вести ПСЖ спрема нова, овој пат тренерска „БОМБА“ – Келаифи го сака човекот кој знае како со „SВЕЗДИ“!

ПСЖ спрема нова, овој пат тренерска „БОМБА“ – Келаифи го сака човекот кој знае како со „SВЕЗДИ“!

al kelaifi

Eкипата на ПСЖ во средата запиша убедлива победа над Баерн и со тоа испрати порака дека се наметнува како сериозен кандидат за освојување на Лигата на шампионите, а тие сега се спремни да направат нов чекор напред кон станувањето најдобар клуб на планетата.

ПСЖ во овој момент има тим од соништата. Со пристигнувањето на Нејмар и Килијан Мбапе го формираа најдобариот напад, а веројатно остана само едно место на кое треба да се „подобрат“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на клубот од Париз, Насер Ал Келаифи е спремен да го доведе тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на кого ќе му понуди поголема плата од онаа која добиваат неговите колеги, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Изгледа дека Ал Келаифи, не му простил на сегашниот тренер Унаи Емери за високиот пораз од Барселона минатата сезона во Лигата на шампионите (6:1). Управата на ПСЖ наводно смета дека Емери нема капацитет за најголеми достигнувања.

Од друга страна Зидан покажа и докажа дека знае да освојува трофеи во тим полн со ѕвезди и токму таков на парижаните им е потребен. Кога е Емери во прашање доволно е да се потсетиме, на „благата“ реакција која ја имаше при конфликтот помеѓу Нејмар и Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …