Дома Македонски спорт Мак фудбал Продолжува успешната пролет на Победа!

Продолжува успешната пролет на Победа!

Фудбалерите на Победа се на добар пат да обезбедат директен опстанок во Првата лига.

Со серијата од 3 последователни победи од кои последните две се на гостински терен со Шкупи и Брегалница прилепските црвено-бели се пробија на 7-то место на табелата кое обезбедува директен опстанок во лигата. Анализата на резултатите во досегашниот дел од шампионатот покажува дека Победа пролетва е многу поуспешна отколку во есенскиот дел на првенството. Еве и бројки:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Во пролетната полусезона (на 3 кола пред крајот на првенството) освоени се 20 бодови, наспроти есенските 15;

-Екипата е во серија од 3 последователни, а 4 победи во последните 5 кола;

-Далеку најдобар е скорот во овој тековен 4-ти круг од првенството во кој во 6 кола освоени се 12 бодови(а цела есен беа освени 15).Во првиот круг освоени беа 9, во вториот 6 и во третиот круг(првите 9 кола пролетва) 8 бодови;

Од враќањето на екипата своите натпревари да ги игра во Прилеп со натпреварот со Шкупи (0-0) во 23-тото коло на 18-тти март започнува нејзиниот препород. Дека залагањето на Претседателот Гоце Ингилизов, кој со подршка на Локалната Самоуправа и нејзините Јавни Претпријатија, помошта од навивачите и разбирањето на ФФМ, натпреварите да се играат во Прилеп вродија со плод покажуваат самите резултати.

Оттогаш наваму започнува серијата која е на пат да го обезбеди опстанокт. На 5 меча во Прилеп остварени се две победи и 3 нерешени резултати, а во 11 кола освоени се 16 бодови. Она на што беше инсистирано од Претседателот Ингилизов и Шефот на Стручниот штаб но и навивачите, дека квалитетот не е спорен туку самите играчи мора да ја вратат самодовербата се покажа како клучно. Слично како и лани во Втората лига еве сега и во прволигашката конкуренција, во оваа фаза од шампионатот кога е најпотребно Победа е вистинската. Играчите сфатија дека можат да играат, да се надигруваат и на крај да победат секој противник. Совладани се Вардар, Шкендија и Силекс, остварени се можеби двете клучни гостински победи во сезоната над Шкупи и Брегалница…Се се тоа показатели дека овој состав има квалитет и со негово надоградување во следната сезона можат да се очекуваат уште подобри резултати, зошто да не и борба за излез во Европа.

Стабилната финансиска конструкција и редовната исплата на примањата на сите во клубот овозможена од спонзорите, се рефлектира со сигурно функционирање како на првиот тим така и на Младинската школа. Затоа напоредно со резултатите на првиот тим доста внимание се посветува и на младинските погони кои бележат солидни резултати. По долгиот застој во неорганизираната работа со младите категории за 2,5 години школата е стабилизирана и во неа активно тренираат над 150-тина деца со нагласок дека има доста таленти кои се иднината на прилепскиот фудбал. И самиот претседател Ингилизов редовно ги следи натпреварите носејќи се со идејата низ пружање шанса најталентираните постепено да се вклучат во работата со првиот тим.

Освен Лука Трајкоски и Марио Наумоски, кои имаат прволигашка минутажа, во првата екипа подолго тренира голманот Даниел Котевски, а приклучени се и Христијан Бунтески и Христијан Цветаноски.

Праксата на одигрување на контролни мечеви со првиот тим ќе продолжи со тенденција на почетокот на подготовките за новата сезона во работата со првата екипа да се приклучат уште неколку најквалитетни фудбалери од младинската и кадетската екипа на Победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…