Дома Трансфер зона „Принцот“ не може без фудбал, Тоти ќе игра уште сезона, но не во Рома?!

„Принцот“ не може без фудбал, Тоти ќе игра уште сезона, но не во Рома?!

Прашањето е само каде?

Можеби поради тоа што Рома не му приреди последна сезона каква што заслужува, Франческо Тоти наводно одлучил да се проба уште еднаш. Иако во семптември ќе наполни 41 години „принцот“ на Рим сигурно дека може да одигра уште една сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Книгата сеуште не е завршена. Нешто недостасува. Ќе играм и следната сезона“, наводно Тоти им се доверил на пријателите на вечерата после последниот натпревар во дресот на Рома.

После ова логично се наметнува прашањето каде ќе игра? Мистерија, барем засега.

„Не знам каде, но ќе играм сигурно“, одговорил Тоти на споменатата вечера.

Медиумите шпекулираат дека Тоти ќе заигра за Мајами. Не му е до пари, сигурно ги има доволно. Еден од сопствениците на американскиот второлигаш е долгогодишниот соиграч и пријател на Тоти, Паоло Малдини, а тренер е Алесандро Неста.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…