Дома Останати Кошарка Претседателот на Карпош Соколи: АБА е предводена од група гангстери

Претседателот на Карпош Соколи: АБА е предводена од група гангстери

Продолжува судирот помешу Карпош Соколи и АБА лигата

Откако претседателот, Огнен Дедиќ обвини дека, АБА лигата е предводена од група криминални, раководството на регионалното натпреварување одлучи да го санкционира македонскиот клуб. По таквата изречена санкција Дедиќ испрати пошироко соопштение.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Со тоа што не одговорија на аргументите кои ги изнесов, уште еднаш е потврдено дека АБА лигата е предводена од мала група гангстери. Групата функционира по таков систем, кога некој е загрозен, сите се фрлаат на противникот да го одбранат. Ниту на еден гангстер не му се важни аргументите кога се во прашање парите. Јас сум сигурен дека во иднина нема да најдат некоја друга „овца“ од која ќе земат 150 илјади евра и потоа да ја исфрлат од натпреварувањето“, наведе Дедиќ во новото соопштение, пренесе порталот Спортмедиа.

Претседателот на Карпош Соколи истакна дека понудата за настап во втората АБА лига ќе ја препуштат на друга екипа.

„Понудата ќе ја препуштиме на ФМП, тие многу повеќе од нас заслужуваат да бидат во тоа друштво. Овој тим благодарение на сопственикот се одржува во АБА лигата, а 70% од победите ги оствари со помош на судиите. Со тоа Небојша Човиќ, кој е прв човек на Црвена Звезда, покажува кој е сопственик во АБА лигата. Нема да биде изненадување ако во натпреварувањето наскоро влезе и третата негова екипа која ќе се се вика КК „Го мразам сиот свет“. Сигурен сум дека и останатите полтрони кои го окружуваат како мали гледале филмови во кои главната поента била сите да се испоубијат. Затоа апелирам на нормалните клубови во АБА лигата, кои ги има многу, да не дозволат на ваквите луѓе да кројат политика. Па шампионот однапред се знае, а оние кои не се во кругот на послушниците секогаш ќе го извлечат дебелиот крај“, додаде Дедиќ.

Претседателот го повика претседателот на АБА лигата, Небојша Човиќ да дојде во Македонија и да ги земе парите од казната.

„Ние сме сериозен клуб, зад кој стои една од најдобрите општини во Македонија и сами го бираме друштвото со кое ќе соработуваме. Човиќ и компанија дефинитивно не се на нашето ниво. Истовремено, го повикувам да дојде во Скопје и да ги земе 12 илјади евра за казната која нема ниту правна основа. Ако продолжат вака, АБА ќе згасне, па 12те илјади евра добро ќе им дојдат за да го погребаат ова регионално натпреварување“, заклучи Дедиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …