Дома Фудбал Англија Пред него е “долг пат“: Мурињо откри кога планира да се пензионира!

Пред него е “долг пат“: Мурињо откри кога планира да се пензионира!

Португалецот, Жозе Мурињо, вчера додаде уште еден пехар во својата богата кариера.

Мурињо на Јунајтед му го донесе трофејот во Лигата на Европа, еден од ретките кој недостасуваше во колекцијата на „ѓаволите“. Тој после натпреварот откри дека оваа сезона била најтешката во неговата кариериа, но исто така порача дека има намера уште долго да биде тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тука (во Манчестер) не се чуствувам како некој посебен, поточно се чуствувам како никој. Тоа посебно е така поради две легенди на клубот (Базби и Фергусон). Јас сеуште морам да се докажувам од почеток. Некогаш, кога ќе се свртам зад себе, мислам дека направив многу работи кои не му успеале на никој. Ниту еден тренер не освојуваше лиги во Италија, Шпанија и Англија. Во овие три земји ја ги освоив сите натпреварувања не само лигите. Пример, кога во четвртфиналето го победивме Андерлехт ми беше кажано дека сум го изедначил рекордот на Алекс Фергусон и Џовани Траптони со 10 европски полуфиналиња. Тие ги завршија своите тренерски кариера, а јас сеуште имам прилика да стигнам до уште многу полуфиналиња. Значи, тоа се работи на кој сум горд“, изјави Мурињо па продолжи:

„Многу сум среќен како мојата кариера се развива. Водев екипи во шпански, италијански, португалски и англиски дербиња. Имам одлични искуства во животот. Кога сега би ја завршил кариерата би бил многу среќен и горд на се што сум поминал, но јас сум само до половина. Имам уште 15 години“, откри Португалецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…