Дома Топ вести Предавство какво Мадрид не памети 20 години: Ѕвездата на Реал сака во Барса!

Предавство какво Мадрид не памети 20 години: Ѕвездата на Реал сака во Барса!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Иско е разочаран од својот статус во Реал Мадрид и донел конечна олдука на крајот на сезоната да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

„Умерн од седење на клупа, Иско одлучи да го напушти Реал ова лето. Нема шанси да го продолжи договорот“, пишува Мундо Депортиво и открива дека Барселона е фаворит за неговиот потпис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иско пристигна во Реал во јуни 2013 година од Малага за 30 милиони евра. Тогаш медиумите во Шпанија открија дека е навивач на Барселона и дека има куче кое се вика Меси.

Сега би можел да заигра за клубот за кој навива и така да стане 13-от играч кој после Реал заиграл за Барселона, а до сега тоа го направиле: Самуел Ето, Перез, Гарсија Лара, Луис Енрике, Просинечки, Лопатеги, Хаџи, Амадор, Милер, Переда, Перез, Лизарига.

Меѓутоа, само тројца од овие 12 директно до Мадрид преминаа во Барселона, без претходно да играат за друг клуб.

Лучијано Лизарага тоа го направи прв во 1905 година, Лучијен Милер во 1965, а последното вакво предавство на Реал му се случи пред точно 21 година кога Луис Енрике премина во Барселона.

Покрај Барселона, Иско е на мета на Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…