Дома Фудбал Англија Потребно ли е да се игра Лига купот? – Еве што мисли Жозе Мурињо!

Потребно ли е да се игра Лига купот? – Еве што мисли Жозе Мурињо!

mourinho

Португалецот јавно го искажа своето мислење…

Манчестер Јунајтед успеа да го совлада тимот на Бартон со 4:1 на „Олд Трафорд“, а менаџерот Жозе Мурињо изјави дека не е баш сигурен дали ова натпреварување воопшто треба да се игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ме прашувате дали може англискиот фудбал да преживее и дали би бил подобар без ова натпреварување? Мојот одговор е  – Да, веројатно. Ако ништо друго, фудбалерите би биле повеќе свежи за натпреварувањата во Европа“, изјави Мурињо.

Португалецот потоа истакна дека за него како менаџер е важно да го освои секое официјално натпреварување.

„Сакам и моите фудбалери да размислуваат така, мораме да го почитуваме натпреварувањето, спонзорите, но и нашите противници кои сигурно даваат се од себе, ако го освоивме одлично, а ако не тоа значи дека противниците биле подобри“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед во осмина финалето од Лига купот ќе игра против Свонси на гостински терен на 24 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…