Дома Трансфер зона Постигнат договор: Дрекслер станува „светец“

Постигнат договор: Дрекслер станува „светец“

Германските медиуми со голема сигурност тврдат дека Јулијан Дрекслер од јануари ќе биде нов фудбалер на ПСЖ, откако двата клуба постигнале договор за негов трансфер.

Волфсбург иако има респектабилен тим оваа сезина игра очајно во Бундес лигата, а Дрекслер во неколку наврати јавно изјави дека сака да ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа германскиот репрезентативец беше ставен на трансфер листа, а медиумите тврдат дека од сите понуди кои пристигнале на негова адреса тој ја избрал онаа на ПСЖ.

„Пари Сент Жермен е клубот што Дракслер го има избрано за продолжување на својата кариера. Останува да се средат уште неколку детали, но нема сомнеж дека трансферот ќе се комплетира на самиот почеток од јануари“, јавуваат германските медиуми.

И француските медиуми потврдија дека е постигнат договор и дека ПСЖ за потписот на Германецот ќе плати 35 милиони евра плус 5 во име на бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…