Дома Трансфер зона Поранешниот дефанзивец на Реал е замената за Бонучи во Јувентус?

Поранешниот дефанзивец на Реал е замената за Бонучи во Јувентус?

Екипата на Јувентус пред неколку дена остана без еден од најдобрите дефанзивци во светот, Леонардо Бонучи.

После еден од најшокантните трансфери во последните години, Јувентус мора да брзо да се прибере и да доведе адекватна замена за Бонучи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На почетокот се шпекулираше дека би можел да пристигне Сократис од Дортмунд, а подоцна и Манолас од Рома, но во игра е и дефанзивецот на Валенсија, Езекил Гарај.

Тој минатото лето од Зенит премина во Валенсија, а се работи за фудбалер кој своевремно настапуваше и за Реал Мадрид. Во прашање е дефанзивец кој Јувентус би можел да го доведе за пристојна сума (околу 20 милиони евра), но тешко е да се верува дека Гарај може да го надополни отсуството на Бонучи.

Навивачите на Јувентус не се премногу задоволни после овие информации, многумина сметаат дека Манолас од Рома е далеку подобро решение.

За кого на крајот ќе се одлучи управата на Јувентус, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…