Дома Фудбал Германија Полицијата потврди: Тимот на Борусија беше мета на нападот!

Полицијата потврди: Тимот на Борусија беше мета на нападот!

Полицијата во Дортмунд објави мал број детали од синоќешниот напад на автобусот на Борусија, но потврди дека токму фудбалскиот тим бил мета на нападот.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд биле во автобусот на пат кон стадионот „Сингл Идуна парк“, каде требаше да играат против Монако во четвртфиналето од ЛШ, кога се активирани три експлозии во близина на автобусот. Во нападот е повреден Марк Бартра, кој доживеа скршеница на зглобот на раката и веднаш беше опериран.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку часа после нападот полицијата објави дека пронашла писмо во кое се превзема одговорноста за нападот, но и понатаму истрагата е во тек.

Имено, како што пренесуваат германските медиуми, соопштено е дека нема никаква дилема за тоа дека нападот на автобусот бил планиран, што докажува и постоење на писмо во кое е преземена одговорност за напад.

„Тргнуваме од ставот дека автобусот бил целна мета. Силни полициски сили се вклучени во истрагата. Кучињата за откривање на експлозиви се изведени на терен, а областа се пребарува од воздух“, наведуваат од полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…