Дома Фудбал Познат распоредот во Примера – Ел Класико во декември!

Познат распоредот во Примера – Ел Класико во декември!

Денес беше одржан жребот за новата сезона во шпанското првенство, а актуелниот шампион Реал Мадрид сезоната ќе ја отвори на гости против Депортиво Ла Коруња.

„Кралевите“ повторно заедно со Барселона се главни фаворити за титулата, а во првото коло ќе гостуваат на „Риазор“ против Депортиво.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонците новата сезона ќе ја отворат на домашен терен против Бетис, додека Атлетико ќе и гостува на Џирона.

Првиот „Ел Класико“ ќе се одигра на 20-ти декември на „Сантиаго Бернабеу“, а реваншот е на „Камп Ноу“ во финишот на сезоната, односно на 6-ти мај.

Градското дерби помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра на 19-ти ноември на новиот стадион „Метрополитано Стадион“ во Мадрид.

Прво коло Примера:

Атлетик Билбао – Гетафе

Барселона – Бетис

Селта – Реал Сосиедад

Депортиво – Реал Мадрид

Џирона – Атлетико Мадрид

Леганес – Алавес

Малага – Еибар

Севиља – Еспањол

Валенсија – Лас Палмас

Виљареал – Леванте

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заедно со Мбапе од Париз заминува и уште едно важно име

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе претрпи значителни промени во текот на летото. Заминув…