Дома Фудбал Познати составите во вечерашното „Ел Класико“: Валверде изнесе формација кој никој не ја очекуваше

Познати составите во вечерашното „Ел Класико“: Валверде изнесе формација кој никој не ја очекуваше

Фудбалерите на Реал и Барселона за неполн час ќе го стартуваат реванш мечот во рамки на Суперкупот на Шпанија.

Зинедин Зидан не може да смета на суспендираниот Кристијано Роналдо, но во тимот се враќа Лука Модриќ по суспензијата и го менува Касемиро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај него, големите изненадувања се Марко Асенсио и Лукас Васкез кои ги зазедоа местата наместо Иско и Герет Бејл, па оттаму е изненадувачки како Зидан изоставил толку стандардни првотимци во отсуство на Кристијано Роналдо.

Од друга страна, Ернесто Валверде потполно сите ги изненади со изборот на играчите, но уште повеќе и со формацијата.

Имено, Барса вечерва ќе игра со тројца стопери, бидејќи играат Пике, Маскерано и Умтити, Роберто и Алба ќе бидат на боковите, а во редот за врска Бускетс, Ракитиќ и Андре Гомес, додека во нападот Меси и Луис Суарез.

Реал Мадрид (4-3-3): Навас – Карвахал, Варан, Рамос, Марсело – Крос, Модриќ, Ковачиќ – Васкез, Асенсио и Бензема.

Барселона (3-5-2): Тер-Штеген – Пике, Маскерано, Умтити – Роберто, Бускетс, Ракитиќ, Гомес, Алба – Меси и Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…