Дома Топ вести Погледнете како изгледа листата на желби на Мурињо вредна 350 милиони евра

Погледнете како изгледа листата на желби на Мурињо вредна 350 милиони евра

Сезоната која многу лесно можеше да биде целосен дебакл, на крајот за Јунајтед заврши успешно. Еден англиски трофеј, еден европски и, што е најважно, пласман во ЛШ следната сезона.

Мурињо со ретко видена дефанзивна игра го победи Ајакс, но на Португалецот сигурно не му е лесно да слуша дека против една У23 екипа „паркирал автобус“ и го добил натпреварот со помалку од 35% посед на топката. Да, целта ги орпавдува средствата, но неговата екипа во следните европски натпревари ќе има многу посилни противнции за кои ќе мора да има посериозен и помоќен тим.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Токму поради оваа причина, тимот на Манчестер Јунајтед на есен би можел да изгледа сосема подруго. Се е поизвесно дека Ибрахимовиќ ќе побара нов клуб, Вејн Руни се уште не знае дали ќе оди во Кина или пак назад во Евертон, а Маркус Рашфорд (се уште) не е играч кој би можел да го однесе Јунајтед до сериозни резултати. И тој самиот знае дека ова лето на „Олд Трафорд“ ќе пристигне барем еден нов напаѓач, па наводно, побарал да си замине на позајмица во некој примиерлигашки клуб.

Во трансфер периодот, за кој се очекува дека ќе биде рекорден во европската историја по потрошени пари, Манчестер Јунајтед би можел да биде клубот кој ќе потроши најмногу пари. Мурињо сака да донесе ни помалку ни повеќе три напаѓачи и еден стопер.

Прв на листата на желби е Антоан Гризман и Французинот речиси сигурно ова лето ќе пристигне на „Олд Трафорд“. Но, освен него, Мурињо го сака и Андреа Белоти од Торино и Ромелу Лукаку од Евертон.

Гризман во договорот има клаузула од 100 милиони евра, што Јунајтед уште претходно го пресмета во новиот финансиски крстозбор, но исто толку ќе морат да платат и за напаѓачот на Торино, кој во договорот има идентична клаузула.

Одличниот италијански напаѓач оваа сезона постигна 25 гола во 34 настапи за Торино, а за гол статистички гледано му беа потребни 119 минути. За Лукаку сигурно ќе конкурираат неколку недели, но „Daily Mail“ смета дека Евертон нема да го пушти за помалку од 110 милиони евра. Белгијанецот оваа сезона постигна 25 гола во 37 примиерлигашки натпревари, а листата на клубови кои би сакале да го доведаот е долга колку што и овој текст.

Како би изгледала напаѓачката линија со толку напаѓачи останува да видиме, но Мурињо сака да ја засили и одбраната, сметајќи на тоа дека Погба, Фелаини, Ерера и Михтарјан се доволно силни на средината.

Во оваа приказна влегува и Мајкл Кин. Одличниот стопер на Барнли кој веќе еднаш беше во Јунајтед, кој го продаде многу ефтино, а доколку сака да го врати ќе мора да плати најмалку 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот на Реал Мадрид – Антонио Рудигер! 🎥

Германскиот дефанзивец, Антонио Рудигер лесно можеше да биде трагичар на Реал Мадрид проти…