Дома Фудбал Англија Погба си порача: Мурињо сакам уште еден другар во тимот

Погба си порача: Мурињо сакам уште еден другар во тимот

Манчестер Јунајтед ги исполни двете важни желби ова лето, пристигнаа Виктор Линделоф и Ромелу Лукаку, кој впрочем беше и посебна желба за Пол Погба, со оглед на тоа дека се дружат, а заедно тренираа и во Лос Анџелес и пред потписот.

Меѓутоа, Французинот има уште една желба, а тоа е Серж Орие од ПСЖ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Погба веќе им соопшти на управата и Мурињо дека верува дека овој десен бек одлично би се вклопил во системот на Манчестер Јунајтед.

Покрај сето тоа, ова би бил паметен потег и поради цената на трансфер пазарот, бидејќи Орие може да замине за 20 до 25 милиони евра, особено кога ќе знае дека сега во тимот прв избор ќе биде Дани Алвеш на истата позиција.

Погба верува дека со Орие и Линделоф одбраната на Јунајтед би добила на брзина и цврстина, но останува да се види каков потег ќе повлече Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…