Дома Македонски спорт Мак ракомет Повеќе од заслужено: Штербик го предводи тимот на колото во ЛШ!

Повеќе од заслужено: Штербик го предводи тимот на колото во ЛШ!

Арпад Штербик е голманот кој го обележа 14-то коло, последно во фазата по групи во ракометната Лига на шампионите.

Голманот на Вардар вчера беше најзаслужниот за победата над Кристијанштад 32:30. Штербик со своите одбрани во очај ги фрлаше противничките ракометари, а натпреварот го заврши со 21 интервенција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај Штербик, во тимот на колото се најдоа средниот бек и пикерот на Силкеборг, Себастијан Скубе и Михаел Кнудсен, левото крило на ПИК Сегед Јонас Калман, десното крило на Барселона Виктор Томас, односно левиот бек на Веспрем Момир Илиќ и десниот бек на Монпелје Јуре Доленец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…