Дома Фудбал Италија Писмо кое го пара срцето: Порака од „Лацијалите“ до Франчесто Тоти

Писмо кое го пара срцето: Порака од „Лацијалите“ до Франчесто Тоти

Пред две седмици навивачите на Милан го поздравија џентлменски, но ова што го направија фановите на Лацио – тоа не е почитување, тоа е есенција на животот.

Да, радикални се, екстремни се, но пред сè, се страсни обожаватели на добриот фудбал. Навивачкото крило „Иридучибили“ (Нескршливи) на натпреварот со Интер на легендата на Калчото и една од најдолговечните „десетки“ во историјата на оваа игра му подари незаборавни мигови со трогателна порака.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Непријател засекогаш. Те поздравуваме, Франческо Тоти“, пишуваше на два транспаренти на северната трибина од Олимпико за време на дуелот помеѓу Лацио и Интер.

Јасна е пораката дека Принцот од Рим им беше „омилен непријател“, како што го нарекуваат во писмото кое пред натпреварот од 37-то коло од Серија А осамна на социјалните мрежи. Во него, навивачите на Лацио, ставија до знаење колкава длабока почит имаат кон човекот кој после 25 години на терените се простува од фудбалот. А целата своја кариера ја помина во Рома и не смени буквално ниту еден друг дрес, за ниту едни пари на светот – а ги имаше многу вртоглави понуди.

Беше 6 март, 1994 година, кога прв пат се сретнавме. Влезе наместо Џовани Пјакентини и изнуди пенал кој Џузепе Џанини го промаши. Беше толку млад, а знаеше како да ја претставиш историјата на својот клуб, на фантастичен начин. Историјата на пеналите и пропуштените шанси. Од тој момент, рушеше рекорд по рекорд, стадионите во Италија ти отпоздравувааа, а ти мислеше на маичките и рекламите за Сан Ремо (алузија на своевремените провокации на Тоти кон „Лацијалите“).

За тоа време Лацио го освои Скудетото, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на Европа, четири Купа на Италија и три Суперкупа на Италија. Колку трофеи си можел да освоиш со Реал Мадрид никогаш нема да дознаеме. Ти си единствениот шампион кого не можеа да го купат.

Без тебе мораа да се задоволат со четири пехари од Светскиот куп на првенствата, пет титули во Лига на шампиони, три Суперкупа на Европа, седум титули во Шпанија, три Купови на краот и шест Суперкупа. Не многу за играчи со таков талент како што си ти.

Во секој случај, а особено во ова време, ја постигна целта која заслужува почит. Почит која не ја доби ни од својот клуб, ни од своите навивачи. Поради тоа – а ова го кажуваме најискерно – нам ни е жал. Ние никогаш не би дозволиле наш играч да го третираат како што те третираат тебе. Никогаш со молк не би гледале како ти го прават ова што ти го прават.

Сега никој не те брани, па не можеме ниту ние. Нема да те мразиме, без оглед на шегите кои ги правеше на наша сметка. Било – поминало. Во Рим сме, знаеме како функционираат нештата овде.

Во секој случај, заслужуваш да ти стиснеме рака, како противник кој, после сите овие години, го напушта теренот, како наш „најдобар непријател“, стои во прогласот од навивачите на Лацио упатен до Тоти.

Човек да пушти солзи, нема што.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…