Дома Фудбал Останато Пет клуба кои сеуште НЕ знаат за пораз во своите првенства – Италијанците доминираат!

Пет клуба кои сеуште НЕ знаат за пораз во своите првенства – Италијанците доминираат!

Сезоната започна, некои клубови веќе ја претрпеа горчината на поразот во своите првенства, но има и мала група на клубови во најдобрите пет лиги кои сеуште не забележале пораз. До овој момент пет клубови од најдобрите пет лиги (Англија, Германија, Франција, Италија и Шпанија) имаат максимален ефект во првите натпревари, Англија нема свој претставник на оваа листа.

Барселона (Примера)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар? Кого го интересира, шпанскиот гигант фантастично ја отвори сезоната.

Барселона во новата сезона започна со четири победи, а славеше над Реал Бетис, Алавес, Еспањол и Гетафе, а вечерва ги очекува натпревар против Еибар во кој се очекува да ја продолжат победничката низа.

Заминувањето на Нејмар како да му одговараше на Лионел Меси, Аргентинецот повторно е ефикасен како неколку сезони претходно, Меси веќе постигна пет голови во првенството и забележа една асистенција. Но, сега останува да видиме како ќе се справат откако новото засилување Осман Дембеле заработи повреда поради која ќе отсуства подолго време.

Наполи (Серија)

Дали ова е клубот кој игра најубав фудбал во Европа во овој момент? Да, сосема е можно.

Фудбалскиот бренд од Неапол предводен од одличниот стратег Маурицио Сари полека почнува да собира сипатизери од целата Европа.

Стартните четири победи против Верона, Аталанта која го прегази Евертон во Лигата на Европа, Болоња и Беневенто против кого постигнаа шест погодоци ги оживеаа соништата за Скудето во Неапол.

Јувентус (Серија А)

Никогаш никој не е сигурен во летните трансфери на Јувентус, но кога ќе започне сезоната сите се уверуваат во способноста на Џузепе Марота. Клубот оваа сезона остана без Леонардо Бонучи и Дани Алвеш, но на стартот во првенство Јувентус повторно е одличен.

Паоло Дибала прави чуда на теренот, навивачите во него конечно гледаат идеален наследник на легендарниот Алесандро Дел Пиеро, покрај него во средината фантастични игри прикажува и Миралем Пјаниќ, единствена дамка во овој момент кај Јувентус веројатно е Гонзало Игуаин кој е надвор од форма.

Интер (Серија А)

Целото внимание во текот на летниот преоден рок беше насочено кон другиот клуб од Милано кој донесе голем број на засилувања, но Интер е тимот кој е перфектен после четири кола.

Лучијано Спалети одлично го склопи тимот кој е предводен од одличниот Мауро Икарди кој на четири натпревари постигна пет погодоци.

Аргентинецот можеби имаше проблеми со навивачите надвор од теренот, но кога во прашање е постигнувањето на голови тука е неприкосновен. Мора да се истакне и новајлијата Милан Скриниар кој веќе на стартот се покажува како одлична инвестиција на „нероаѕурите“.

ПСЖ (Лига 1)

Доволно е само да се каже Килијан Мбапе, Нејмар, Едисон Кавани, иако не треба да се заборават и проблемите кои ги имаа Нејмар и Кавани.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…