Дома Македонски спорт Мак фудбал Петковски порачува: Одиме на победа против Црна Гора

Петковски порачува: Одиме на победа против Црна Гора

Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар против Црна Гора, напаѓачот на македонската репрезентација У-21 Петар Петковски вели дека тој и соиграчите од националниот тим максимално мотивирано ќе влезат на мечот.

– Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот, истакна фудбалерот на Вардар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија утре од 14 часот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе игра со Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…