Дома Фудбал Италија Пероти: Кој ќе шутира, Џеко или јас? Секако дека јас!

Пероти: Кој ќе шутира, Џеко или јас? Секако дека јас!

Првиот изведувач на пенали во тимот на Рома, Аргентинецот Диего Пероти даде интересна изјава поврзана за изведувањето на пенали во редовите на „волчицата“.

Да потсетиме, на стартот на минатата сезона Един Џеко беше прв изведувач на ударите од белата точка, но потоа Лучијано Спалети одлучи да го промени и за прв изведувач беше ставен Диего Пероти кој е навистина ефикасен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така остана и во оваа сезона. Пероти е прв изведувач, иако против Удинезе Аргентинецот не реализираше удар од белата точка.

„Секој промашува. Признавам, бев лут на себе бидејќи сакав да го погодам секој пенал во кариерата. Меѓутоа тоа не ме предомисли и спремен сум повторно да ја превземам одговорноста. Кој ќе ги шутира во иднина, Џеко или јас? Секако дека јас! Сигурен сум дека нема да направам грешка“, изјави Пероти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…