Дома Топ вести Перез спреми трампа на векот – заминува во Лондон со понуда која не се одбива

Перез спреми трампа на векот – заминува во Лондон со понуда која не се одбива

Флорентино Перез има јасен план, ова дури и тој тешко би го одбил.

Реал Мадрид и Тотенхем повторно би можеле да направат голема работа, како и во 2012. година кога пристигна Лука Модриќ и година подоцна Герет Бејл. Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид е воодушевена од Хари Кејн и сака да го доведе како нова „деветка“ од следното лето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Флорентино Перез многу добро знае колку сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви е тежок за преговарање, па затоа најпрво го прашал за цена Хари Кејн. Од Лондон наводно пристигнал одговор дека цената на Кејн е 200 милиони евра, а потоа следувала понуда за трампа која најмногу би го израдувала Маурисио Покетино.

Наводно, Реал е подготвен да заштеди огромни пари и да ги понуди Герет Бејл и Борха Мајорал, кој е голема желба на тренерот Покетино.  Тој и претходните две лета се одбиде да го доведе младиот шпански напаѓач, но до договор не дојде, а сега во трампата за Кејн би можел да добие центрафор и легендата на Тотенхем, Герет Бејл, кој навивачите се уште добро го паметат како еден од најдобрите играчи во историјата на клубот.

Сепак, во Реал полека го губат трпението и довербата во Бејл, тимот може да функционира и без него, а на првото место од следната сезона би можел да биде и Марко Асенсио, заедно со Кејн и Роналдо. И самиот Кејн на некој начин даде знак дека би можел да се пресели во Реал Мадрид, бидејќи по натпреварот во вторникот побара да го замени дресот со Кристиано Роналдо, а по тоа изјави:

„Го побарав дресот од Роналдо бидејќи тој е мојот идол. Неговата кариера е мој модел“, изјави Кејн.

Инаку, Кејн во претходните две сезони е најдобар стрелец во Премиер лигата, а оваа сезона постигна 11 гола на 11 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…